Последно ажурирање $Date: 2005/09/08 07:33:13 $
За најнови ажурирања на оваа датотека „прочитај ме“, видиhttp://www.openoffice.org/welcome/readme.html
Драги корисници
Оваа датотека содржи важни информации за оваа програма. Ве молиме прочитајте ги многу внимателно пред да започнете со работа.
Заедницата на Опен офис.орг (OpenOffice.org), одговорна за развојот на овој производ, би сакала да ве покани да учествувате во неа како член. Како нов корисник, препорачуваме да го погледнете нашиот веб-сајт, кој нуди информации од помош за корисниците, на адресата
http://www.openoffice.org/about_us/introduction.html
Исто така прочитајте ги деловите на текстов поместени подолу за како може да учествувате во проектот Опен офис.орг.
Системски побарувања:
Потешкотиите при активирањето на Опен офис.орг (на пр. заглавување на апликации) како и проблеми со приказот на екранот често се предизвикани од управувачот со графичката картичка. Во таков случај, ве молиме да го ажурирате управувачот со графичката картичка или да се обидете да го користите оној кој е испорачан со вашиот оперативен систем. Потешкотиите при приказ на тродимензионални објекти често може да се решат преку деактивирање на опцијата "Користи Опен џи-ел" под „Алатки - Опции - Поглед - 3Д поглед“.
Може да го инсталирате Опен офис.орг 2.0 покрај постара верзија на Опен офис.орг. Ако подоцна одберете да ја деинсталирате постарата верзија на Опен офис.орг, ќе мора да ја активирате и програмата за инсталација на поновата верзија и одберете „Поправи“. Ова обезбедува новата верзија да биде соодветно регистрирана на вашиот систем.
Ве молиме имајте предвид дека копирањето и вметнувањето преку таблата со исечоци на Опен офис.орг 1.x и Опен офис 2.0 може да не работи во форматот Опен офис.орг. Ако тоа се случи, одберете „Уреди - Вметни специјално“ и одберете формат поинаков од Опен офис.орг или отворете го документот директно во Опен офис.орг 2.0.
Ве молиме обезбедете доволно слободна меморија во привремениот директориум на вашиот систем и доделени права на пристап за читање, пишување и извршување. Затворете ги сите програми пред да започнете со инсталацијата.
Ако искусите проблеми при пуштање на Опен офис.орг (особено додека користите Гном), ве молиме да ја ,отпоставите' променливата на околина SESSION_MANAGER во школката која ја користите за пуштање на Опен офис.орг. Ова може да се направи преку додавање на линијата "unset SESSION_MANAGER" на почетокот на скриптата за школка софис (office shell script) во директориумот "[office folder]/program".
Поради проблеми со управувач во Виндоуз, не може да се лизгате низ документи од Опен офис.орг кога го лизгате прстот преку подлогата за допир на лаптопите АЛПС/Синаптикс.
За да овозможите лизгање преку подлогата за допир, додадете ги следните линии на конфигурациската датотека "C:\Program Files\Synaptics\SynTP\SynTPEnh.ini" и рестартирајте го компјутерот.
[OpenOffice.org]FC = "SALFRAME"SF = 0x10000000SF |= 0x00004000
Забелешка: Локацијата на конфигурациската датотека може да варира на различни верзии на Виндоуз.
Во Опен офис.орг може да го промените фонтот којшто се користи за приказ на екранот и печатење преку негово заменување со друг фонт инсталиран на вашиот систем. Ова може да се направи со користење на функцијата за замена на фонт. Одберете „Алатки - Опции - Опен офис.орг - Фонтови“ за да пристапите на табелата за замена на фонтови.
За да се промени фонтот на интерфејсот на Опен офис.орг, мора да го замените стандардниот фонт "Andale Sans UI" со друг фонт и да го означите поставувањето "always" за оваа замена.
Погледнете ја помошта на Опен офис.орг за детално објаснување на овој дијалог.
Како копчиња за кратенки (комбинации на копчиња) во Опен офис.орг може да се користат само оние кои не ги користи оперативниот систем. Ако комбинација на копчиња во Опен офис.орг не работи како што е опишано во помошта, проверете дали таа кратенка не е веќе во употреба од оперативниот систем. За разрешување на такви конфликти, може да ги промените скоро сите комбинации на распоредот на копчиња во Опен офис.орг. За повеќе информации на оваа тема, видете ја помошта на Опен офис.орг или помошта на вашиот оперативен систем.
Во стандардното подесување на Опен офис.орг, заклучувањето на датотеки е активирано. За да се деактивира, поставете ги соодветните променливи на околината SAL_ENABLE_FILE_LOCKING=0 и извезете го SAL_ENABLE_FILE_LOCKING. Овие елементи се веќе во активирана форма во скрипт-датотеката софис (soffice).
Предупредување: Активираната можност за заклучување на датотеки може да предизвика проблеми кога Соларис 2.5.1 и 2.7 се користат заедно со Линукс НФС2.0. Ако вашата системска околина ги има овие параметри, строго препорачуваме да избегнувате користење на заклучувањето на датотеки. Во спротивно, Опен офис.орг ќе заглавува кога ќе се обидете да отворите датотека од директориум од НФС-партиција на компјутер со Линукс.
Авторските права се во делумна сопственост на Џејмс Кларк, регистрирани 1988 и 1999 г., и на корпорацијата Нетскејп комјуникејшнс, регистрирани 1996, 1998.
Заедницата на Опен офис.орг ќе имаголема полза од вашето активно учество во развојот на овој важен проект со слободен софтвер.
Како корисник, вие веќе сте важен дел од процесот на развој на пакетот и би сакале да ве поттикнеме да преземете уште поактивна улога со намера да станете долгорочен активен член на заедницата. Ве молиме да ни се придружите и да ја посетите нашата страница за корисници на адресата: http://www.openoffice.org
Ве молиме одвојте малку време за да го извршите минималниот процес на регистрација на производот кога го инсталирате софтверот. Иако ова не е обврзна опција, ве поттикнуваме да се регистрирате, бидејќи така добиените информации овозможуваат заедницата да направи уште подобар софтверки пакет и директно да обрне внимание на потребите на корисниците. Преку својата Политика за приватност, заедницата на Опен офис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци. Доколку пропуштивте да се регистрирате при инсталирањето, може да се вратите и да се регистрирате во било кое време на http://www.openoffice.org/welcome/registration-site.html
На интернет е поставен и Прашалник за корисниците кои препорачуваме да го пополните. Овој прашалник ќе ни помогне Опен офис.орг побргу да се движи во насока на поставување нови стандарди за создавање на наредната генерација на канцелариски софтвер. Преку својата Политика за приватност, заедницата на Опен офис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци.
Веб-сајтот на Опен офис.орг го содржи ИшјуЗила (IssueZilla), нашиот механизам за известување, следење и решавање на багови и отворени прашања. Ги поттикнуваме сите корисници без задршка да ги пријавуваат сите прашања што се појавуваат на вашата специфична платформа. Енергичното известување за отворените прашања е еден од најважните прилози добиен од заедницата на корисници којшто придонесува за развојот и подобрувањето на програмскиот пакет.
Овде се наоѓаат неколку мејлинг-листи поврзани со проектот на кои може да се пријавите http://www.openoffice.org/mail_list.html
Може да дадете голем прилог за овој важен проект од областа на софтверот со отворен код дури и ако вашите искуства од дизајн на софтвер или програмирање се ограничени. Да, вие!
На http://projects.openoffice.org/index.html ќе најдете низа на проекти, од Локализација, Портирање и Групвер, до некои проекти за основно програмирање. Ако не развивате софтвер, може да ви одговараат проектите Документација или Маркетинг. Проектот за маркетинг на Опен офис.орг применува и герилски и традиционални комерцијални техники за маркетинг на софтвер со отворен код, и тоа со надминување на јазичките и културните бариери, така што може да помогнете и само со ширење на пораката и кажување на пријател/и за овој канцелариски пакет.
Може да помогнете со тоа што ќе се придружите на Мрежата за маркетнишки комуникации и информации преку: http://marketing.openoffice.org/contacts.html каде што може да обезбедите точки за контакт со печатот, медиумите, владини агенции, консултанти, училишта, кориснички групи за Линукс и развивачи на софтвер во вашата земја и локалната заедница.
За помош во врска со канцеларискиот пакет Опен офис.орг 2.0, прегледајте ги архивите за да ги најдете веќе одговорените прашања до мејлинг-листата 'users@openoffice.org' на адресата http://www.openoffice.org/mail_list.html. Алтернативно, може да ги пратите вашите прашања на users@openoffice.org. Не пропуштајте да се приклучите на мејлинг-листата за да добиете одговор по е-пошта.
Исто така, погледнете го одделот за ЧПП на http://user-faq.openoffice.org/.
Најдобар начин за да се започне со придонесување е да се приклучите на една или повеќе мејлинг-листи, извесен период да ги следите разговорите и постепено да ги користите архивите на пошта за да се запознаете со многуте теми покриени од објавувањето на изворниот код на Опен офис.орг во октомври 2000 г. Кога ќе почнете да се чувствувате удобно, се што треба да сторите е да пратите е-порака со која ќе се претставите и да се придружите на дискусиите. Ако сте запознаени со проекти со отворен код, погледнете ги листите на идни задачи за да видите дали може да помогнете во нешто. Тие се наоѓаат на http://development.openoffice.org/todo.html.
Се надеваме дека ќе уживате во работата со новиот Опен офис.орг 2.0 и дека ќе ни се придружите на интернет.
Заедницата на Опен офис.орг